Љамчевски прво зимско засилување, двајца играчи се разделија со Шкупи

Составот на Шкупи продолжува со подготовките…

Клубот го потврди заминувањето на двајца играчи, Фисник Зука и Седат Бериша.

Зука иако имаше двегодишен договор со екипата, ја изразил желбата за промена на средината, а како следна дестинација го избрал Фљамуртари од Валона.

На Бериша му беше понуден нов догоовр, но играчот донел одлука за разделба и барање на нов предизвик. Менаџерскиот тим на Шкупи интензивно работи за ангажирање на нови искусни играчи и пополнување на празните места.

Во меѓувреме веќе дојде ново име, станува збор за Благојче Љамчевски кој своевремено по три пати ги освојувал шампионатот и купот на Македонија.