Левото крило Ончев на позајмица во Пелистер

Левото крило на Вардар Тоше Ончев до крајот на оваа натпреварувачка сезона ќе биде позајмен во екипата на Пелистер од Битола.

Тој е играч на „црвено-црните“, а двете екипи се договорија за овој трансфер, и Ончев би требало да добие и поголема минутажа во тимот од Битола.

Пред почетокот на сезоната беше прекомандуван од екипата на Вардар јуниор во првиот тим и ги мина подготовките.

На позицијата лево крило покрај Ончев, пријавени за настап во СЕХА Газпром лигата и ЕХФ Лигата на шампионите се уште Тимур Дибиров и Владо Недановски, а за мечевите во СЕХА пријавен е и Стефан Чакалиќ.

Ончев сезонава играше на два натпревари во СЕХА лигата и постигна три гола.

Фото: rkvardar.mk