Лестер Бо МекКејлеб пронајде нов клуб (ФОТО)

Поранешниот македонски репрезентативец пронајде нов клупски ангажман…

Лестер Бо МекКејлеб ќе настапува за шпанскиот клуб на Сарагоса која моментно во најсилната лига на таа земја е на 13. место.

32-годишниот плејмејкер неодамна се најде и на поширокиот список кај селекторот Јорданчо Давитков за евро-претквалификациите.

Минатата сезона беше дел од Гран Канарија каде што во 35. натпревари од Ендеса лигата имаше просек од 10.2 поени, 1.6 скок и 3.5 асистенции по меч. А во Еврокупот забележа учнок од 11.0 поени, 1.5 скок, 4.8 асистенции и 1.3 украдена топка и стигна до четвртфиналето.

Претходно беше дел уште од Лимож, во пред-сезона во НБА тимот на Њу Орлеанс Пеликанс, потоа и за Баерн Минхен, Партизан, Фенербахче, Мерсин и Сиена.