Кузнецова потпиша за клубот кој е ривал на Вардар во полуфиналето на ЛШ!

Левото руско крило Полина Кузнецова пронајде нов клуб, како што и претходно се најавуваше…

Таа во интервјуто за ЕХФ потврди дека си заминува од македонскиот женски ракометен шампион на крајот од сезоната, само што не беше сеуште познато името на нејзиниот нов клуб од наредната сезона.

Денеска и официјално е објавена таа информација, односно Кузнецова од наредната сезона ќе ги брани боите на Ростов-Дон. 30-годишната Кузнецова претходно веќе настапувала за Ростов-Дон во периодот од 2003-2004 год.

Токму оваа руска екипа е противникот на Вардар во полуфиналето на Фајнл-фор турнирот во Будимпешта, на 12. мај со почеток од 18:00 часот.

Од наредната натпреварувачка сезона 2018/2019:

-Роберто Гарсија Парондо (тренер на машкиот ракометен клуб Вардар)
-Марија Петровиќ (Влчеа)
-Драгана Цвијиќ (ЧСМ Букурешт)
-Андреа Лекиќ (ЧСМ Букурешт)
-Барбара Лазовиќ (ЧСМ Букурешт)
-Јованка Радичевиќ (ЧСМ Букурешт)
-Андреа Пенезиќ (Шиофок)
-Татјана Хмирова (Шиофок)
-Полина Кузнецова (Ростов-Дон)
-Амандин Лејно (Ѓер)
-Александра Лакрабер (Флери)
-Сара Ристовска (Крим)

Се најавува уште еден трансфер, односно Андреа Кликовац, дефанзивецот на „црвено-црните“ се очекува да ги брани боите на унгарскиот клуб Кишвард.