Крчмаревиќ го презеде кормилото во Стручниот штаб на Победа

Победа од Прилеп официјално има нов тренер…

Пред почетокот на денешниот тренинг во клупските простории на Победа В.Д. Претседателот на прилепскиот прволигаш Ирена Јакимовска, посакувајќи му успешна и плодна работа, на фудбалерите им го престави новоангажираниот Шеф на Стручниот штаб Слободан Крчмаревиќ.

Тој ги запозна сите фудбалери а со својот помошник Душко Љубичиќ и сите останати тренери: Тони Мегленски, Дарко Вршкоски и Дејан Кебакоски, кои остануваат во Стручниот штаб, на стадионот на Могилата го одработија првиот тренинг со фудбалерите.