Кои беа најскапите фудбалски трансфери во зимскиот преоден рок 2018?

Вистинско „богатство“ за Кутињо и Ван Дајк, а остварен рекорд на Манчестер Сити…

Завршен е зимскиот преоден рок, неколку „вртоглави“ трансфери беа реализирани на фудбалскиот пазар.

Дефинитивно една од најголемите ударни вести беше преселбата на Филипе Кутињо од редовите на Ливерпул во Барселона.

„Редси“ заработија 120 милиони евра, но скоро 80 потрошија на одбранбениот играч Виржил ван Дајк кој дојде од екипата на Саутемптон.

Трет по вредност е трансферот кој најпрвин беше договорен во септември минатата година, а официјално реализиран на првиот ден од преодниот рок овој месец. Диего Кошта се врати во Атлетико Мадрид од Челзи за 65 милиони.

Манчестер Сити доведе уште еден дефанзивец (после Менди, Вокер и Данило минатото лето), а трансферот на Ајмерик Лапорте е најголемиот во историјата на клубот кој за 10 години потроши 1,6 милијарда евра за ангажирање на нови фудбалери.

Топ 10 најскапи јануарски трансфери

Филипе Кутињо од Ливерпул во Барселона – 120 милиони евра

Виржил ван Дајк од Саутемптон во Ливерпул – 78,8 милиони евра

Диего Кошта од Челзи во Атлетико Мадрид – 65 милиони евра

Ајмерик Лапорте од Атлетик Билбао во Манчестер Сити – 65 милиони евра

Пјер-Емерик Обамејанг од Борусија Дортмунд во Арсенал – 63,75 милиони евра

Седрик Бакамбу од Виљареал во Пекинг Гуан – 40 милиони евра

Ињиго Мартинез од Реал Сосиедад во Атлетик Билбао – 32 милиони евра

Лукас Моура од ПСЖ во Тотенхем – 28,5 милиони евра

Тео Волкот од Арсенал во Евертон – 22,5 милиони евра

Гвидо Кариљо од Монако во Саутемптон – 22 милиони евра

Ченк Тосун од Бешикташ во Евертон – 22 милиони