Китановски потпиша договор со Славен Белупо

Македонскиот интернационалец неодамна ја напушти Истра 1961 поради финансиски причини, но остана во најсилното хрватско фудбалско друштво.

Официјално дефанзивецот Томе Китановски е нов играч на Славен Белупо во чии редови настапува и нашиот напаѓач Мирко Ивановски.

Китановски (најлево, фото) со дрес број 17. потпиша договор на една година со можност за продолжување на истиот на уште една сезона.

Китановски кој беше промовиран заедно со уште двајца фудбалери Матеас Делиќ и Давид Пуцлин ќе настојува да се избори за стандардно место во првиот тим за пролетниот дел од шампионатот каде што моментно Славен Белупо е на седмото место со 21 бод.