Кармело Ентони нов играч на Оклахома, со Џорџ и Вестбрук по НБА титула!

И официјално се потврди трансферот на Кармело Ентони во редовите на Оклахома Сити Тандер.

Тоа е објавено на клупскиот веб сајт каде што воедно се вели дека Ентони доаѓа од Њујорк Никс во размена за Мекдермот, Кантер и еден пик од Чикаго Булс во втората рунда на драфтот 2018.

33-годишниот Ентони во текот на својата 14-годишна НБА кариерата дури 10 пати има настапувано на „Ол Стар“ мечевите.

Зад себе има 976 одиграни натпревари, со 24.8 поени, 6.6 скокови, 3.1 асистенции, 1.06 украдена топка, за 36.2 минути просечно.

Моментно се наоѓа на 25. место на НБА листата на сите времиња, по бројот на постигнати поени (24.156). Во сезоната 2012/13 беше најдобар стрелец на лигата со 28.7 поени во просек.

Со овој трансфер Оклахома доби „пеколно“ трио – Расел Вестбрук, Пол Џорџ и Кармело Ентони кои дефинитивно ќе се обидат тимот да го одведат на врвот во сезоната 2017/2018, односно НБА шампионскиот прстен.