Камерунецот Битанг е нов играч на Вардар

Камерунскиот интернационалец Кларенс Битанг е новото засилување во средниот ред на екипата на Вардар.

25-годишниот фудбалер потпиша договор на 2.5 години со македонскиот шампион и веќе денеска се приклучи на екипата на тренинзите во Скопје.

Задоволство е што сум дел од оваа екипа. Во Анталија бев неколку дена со екипата, и можам да кажам дека има квалитет. Ќе дадам сè од себе да ја оправдам довербата, и се надевам дека оваа година ќе славиме нова шампионска титула.

Знам дека тимот моментално е на втората позиција, но во пролетниот дел одиме на освојување на бодови, и се надевам дека на крајот ќе славиме уште една шампионска титула“, рече Битанг на денешната промоција.

Битанг се приклучи на екипата во Анталија, меѓутоа по минувањето на медицинските прегледи, и официјално стана дел од „црвено-црнот“ тим.

Очекувам брзо да се прилагодам во клубот, и да бидам прифатен од моите нови соиграчи. Ова за мене е нов предизвик во кариерата, и подготвен сум да дадам се од себе за доброто на клубот, и за нови успеси.

Видов дека екипата играше во групната фаза од Лигата на Европа оваа сезона, и посакувам најмалку заедно да го повториме тој успех“, изјави Битанг.

Пред да се пресели во Вардар, беше дел од камерунскиот фудбалски клуб Унион Дуала, а претходно ги бранеше уште боите на Астрес, Бурирам, Чаинат, Панилијакос, Олимпијакос Волос и Агротикос Астерас.

Со Бурирам ги имаше и најголемите успеси, од 62. натпревари имаше 30 голови, а воедно со таа екипа ги освои првенството, ФА Купот и Лига купот на Тајланд.

Фото: fkvardar.mk