Каменица не е повеќе тренер на ППД Загреб

Хрватскиот шампион се раздели со својот досегашен тренер Касим Каменица.

Искусниот стручњак беше на клупата на ППД Загреб од минатото лето, а причина за напуштањето на клупата се лошите резултати од почетокот на оваа сезона.

Нов тренер на ППД Загреб ќе биде Златко Сарачевиќ, поранешниот помошник на Борис Дворшек, кој воедно е и на функцијата асистент на Лино Червар во стручниот штаб на хрватската репрезентација.

Босанскиот стратег Каменица во тренерската кариера ги водел екипите на Пелистер, Кометал Ѓорче Петров, Вардар, Босна, Целје Пивоварна Лашко, Нексе…