Каков финиш на зимскиот преоден рок: Жиру официјално во дресот на Челзи!

Денеска официјално завршува зимскиот преоден рок 2018…

Челзи го комплетираше трансферот на Оливие Жиру од редовите на Арсенал.

31-годишниот напаѓач потпиша 18-месечен договор со „сините“ од Лондон и ќе го носи бројот 18. на својот дрес.

Францускиот интернационалец доаѓа на „Стемфорд Бриџ“ со големо искуство и постигнувајќи голови во Премиерлигата, но и меѓународната сцена.

„Челзи е еден од најголемите клубови во Премиерлигата. Тие освоија можеби најмногу трофеи во последните шест или седум години. Еден врвен клуб и горд сум што потпишав за Челзи и едвај чекам да настапам во новиот дрес.

Минатата сезона за „топчиите“ постигна 16 голови иако стартуваше „само“ на 17. мечеви во сите натпреварувања, а потсетување во изборот на ФИФА го имаше и најубавиот гол за 2017. година, односно неговата петица преку глава на дуелот против Кристал Палас.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

-НАПАЃАЧОТ НА ЧЕЛЗИ МИШИ БАТШУАЈИ ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА ЌЕ ИГРА КАКО ПОЗАЈМИЦА ВО БОРУСИЈА ДОРТМУНД.

-СЕВИЉА ПОТВРДИ ДЕКА ДОАЃА САНДРО РАМИРЕЗ ОД ЕВЕРТОН КАКО ПОЗАЈМИЦА ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА.

-КРИЛОТО НА ВОТФОРД, АЈСЕК САКСЕС ОДИ ВО МАЛАГА НА ПОЗАЈМИЦА ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА.