Јакимовски пронајде нов клуб во италијанската Серија Б!?

Како што пренесуваат италијанските медиуми, 27-годишното лево крило ќе настапува до крајот на сезоната во Серија Б.

Никола Јакимовски би требало да ги брани боите на Карпи кој моментно после осум кола во втората најквалитетна италијанска лига е на 11. место со 11 бодови.

Нашиот интернационалец претходно настапуваше за Беневенто со 10 одиграни натпревари и еден реализирани гол.

Во кариерата беше дел уште од Македонија ЃП, Ференцварош, Тетекс (позајмица), Јавор Ивањица, Нагоја Грампус, Јагодина, Варезе, Комо и Бари.

Нема нитуеден настап за сениорската репрезентацијата на Македонија, но има мечеви за нашите фудбалски селекции до 17, 19 и 21 година.