Голманот Ангелов ја продолжува кариерата во Австрија! (ФОТО)

Поранешниот македонски репрезентативец пронајде нов клуб…

40-годишниот голман Петар Ангелов досега ги бранеше боите на Анталијаспор (Турција).

Како што пренесува австрискиот состав на УХК Кремс во чии редови настапува нашиот интернационалец Влатко Митков, доаѓа и легендарниот „Диви“.

Како што официјално тврдат Австријците повеќе за трансферот ќе се дознае во следниот период, а дотогаш е претставен како дел од славниот Вардар со кој успеа лани да ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Во својата кариера исто така беше дел уште од Тиквеш, Пелистер, Трембле, Вардар и Металург. За нашата најдобра селекција имаше 138 натпревари и седум голови.