Филип Лазаров ќе го засили турскиот тим на Бешикташ

Македонскиот репрезентативен лев бек ги напушта редовите на РК Пелистер…

Филип Лазаров ќе има ново интернационално искуство, односно ќе му се придружи на Немања Прибак во составот на Бешикташ.

Турскиот состав оваа сезона настапува во Лигата на шампионите (заедно во групата Д со Металург) и моментно после три мечеви е на делба на второто место заедно со Мотор Запорожје и Спортинг со по четири бодови.

32-годишниот Лазаров има играно надвор од земјата за унгарскиот ПЛЕР и романскиот Поли Темишвар на голманот Златко Даскалоски.

На домашната сцена беше дел од нашите најголеми ракометни клубови, Металург и Вардар.