Дејвид Мојс е новиот менаџер на Вест Хем

После заминувањето на хрватскиот менаџер Славен Билиќ поради лошите резултати…

Вест Хем веднаш пронајде нов стратег, станува збор за Дејвид Мојс кој ќе го води клубот до крајот на сезоната.

После 11. кола во најквалитетната англиска фудбалска лига популарните „чекани“ се на 18. место во опасната зона за испаѓање со девет бодови.

54-годишниот шкотски стручњак Мојс лани го водеше Сандерленд, а претходно уште Престон Норт Енд, Евертон, Манчестер Јунајтед и Реал Сосиедад. Остана без функција од мај годинава, кога беше сменет од клупата на Сандерленд после испаѓањето во Чемпионшип.

Повеќе пати избран за менаџер на месецот во Премиерлигата, со „црвените ѓаволи“ во 2013. година успеа да дојде до трофејот во ФА „Комјунити Шилд“.

Мојс е вистинскиот човек да ја сврти ситуацијата. Ни беше потребен, некој искусен, со премиерлигашко знаење и веруваме дека тој ќе го извлече најдоброто од играчите“, рече за британските медиуми, претседателот на клубот Дејвид Саливен.