Давитков со старо-нов тренерски ангажман во Кувајт

Селекторот на македонската репрезентација пронајде старо-нов тренерски ангажман…

Јорданчо Давитков се враќа во Кувајт, односно повторно ќе го води кошаркарскиот клуб Кадсија со кој имаше убави спомени во периодот од 2008. до 2011. година.

Нова година, нов клуб, или можеби стар. Кадсија Кувајт повторно после седум години. Од 2008 до 2011 освоивме пет шампионски титули.

Трипати шампион на Кувајт, еден куп трофеј и шампион на Игрите на земјите од заливот (GCC). Се надевам ќе ги повториме ваквите успеси“, рече Давитков.