Четврто зимско засилување: Баже Илијоски е новиот напаѓач на Шкупи!

Новиот спонзор придонесува со големи промени во фудбалскиот прволигашки клуб Шкупи.

Оваа зима најавува тимот дека може да биде конкурентен и за повисок пласман оваа сезона во Првата македонска фудбалска лига (1МФЛ), но и со амбиции за титула.

Најдобриот стрелец во историјата на македонскиот шампионат, Баже Илијоски (130 гола) во наредните 18 месеци ќе го носи дресот на ФК Шкупи.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

Љамчевски прво зимско засилување, двајца играчи се разделија со Шкупи

Младиот косовски репрезентативец Броја е второто засилување на Шкупи

Шкупи станува сериозен: Вујчиќ е третото зимско засилување!

На тој начин ќе му прави друштво на Јашаровски во делот на нападот, а да потсетиме претходно беа ангажирани уште Благоја Љамчевски, Рон Броја и Стефан Вујчиќ.

Илијоски (33) годинава беше дел од фудбалскиот клуб Пелистер со 15 натпревари и девет голови. Своевремено беше дел уште од Работнички, Инчон Јунајтед, Металург, Гангвон, Брашов, Рапид Букурешт, Гифу, Бангкок Глас и Келантан. Има и 15 мечеви и еден погодок за македонската сениорска репрезентација.