Блокотехна пронајде замена за повредениот Мелори

Џонатан Хадсон е новото име на КК Блокотехна.

Американскиот плејмејкер доаѓа во Гевгелија да го замени Мајкл Мелори кој доживеа повреда.

Минатата сезона Хадсон играше за Наглис во Литванија каде што во просек од 22. натпревари имаше 18.7 поени и 4.9 асистенции.

Хадсон се очекува да го има дебито во Балканската лига наредната седмица на гости во Косово кај Башкими во првиот меч за 2018. година во БИБЛ.