Бејли си замина, Павличевиќ е нов играч на МЗТ Скопје Аеродром

Црногорецот Никола Павличевиќ (29 год., 192 см.) до крајот на сезоната ќе настапува за екипата на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска се обврза на договор со шесткратниот македонски шампион со важност до крајот на сезоната.

Станува збор за плејмејкер, кој минатата сезона настапуваше за унгарски Солнок, а кој летово беше дел од репрезентацијата на Црна Гора на Европското првенство (ЕП).

Претходно има играно за Унион Олимпија, Сутјеска, Ловќен и Халман Виена. Тој доаѓа на местото на Брет Бејли, кому му заврши тримесечниот договор со македонскиот шампион и кој нема да биде продолжен.

Американецот настапи на шест средби во сино-белиот дрес во АБА-лигата со просек од 7,7 поени и 3,4 скока. Да потсетиме, претходно клубот го напушти Џенсен, а во меѓувреме дојдоа новите засилувања Спасојевиќ, Мавра и Мајсторовиќ.