Анѓелиќ и Арсиќ официјално се разделија со Металург

Црногорскиот репрезентативен среден бек го напушти македонскиот ракометен вицешампион…

Божо Анѓелиќ кој што настапи на Европското првенство со својата селекција и играше против нашата репрезентација во групната прелиминарна фаза одлучи да ја продолжи кариерата во Унгарија, поточно во редовите на Ференцварош.

Сега на позицијата плејмејкер останува само Димитар Димитриоски во тимот од „Автокоманда“, а си замина и српскиот голман Дарко Арсиќ.

29-годишниот чувар на мрежата се врати во својот поранешен клуб Металопластика со кој своевремено играше финале во европскиот Челинџ куп и има трофеј од Купот на Србија.

Кај „сино-белите“ први голмани остануваат Мартин Томовски и Никола Даниловски.

Се шпекулираат уште две заминувања од РК Металург, имено Филип Кузмановски се поврзува со трансфер во бундеслигашката екипа на Магдебург, а Хрватот Халил Јагањац во ППД Загреб.