Американецот Хикмен во Струмица, Србиновски го засили Куманово

Кошаркарскиот клуб на Струмица потпиша со 31-годишен американски крилен центар…

Станува збор за Демонд Хикмен кој минатата сезона настапуваше за американскиот Питерсбург Кавалирс (ECBL).

Му помогна на овој тим да го заврши регуларниот дел од сезоната како втор најдобар во Северно-Западната дивизија.

Исто така ново засилување пристигна и во екипата на Куманово која го донесе 21-годишниот бек Дејан Србиновски кој доаѓа од Вардар.

За „црвено-црните“ настапуваше во изминатите три години, во 16. натпревари од Првата лига имаше просек од 6.4 поени, 1.7 скок и 2.9 асистенции по меч лани.

Воедно играше за македонската репрезентација на Европското првенство (Дивизија Б) во Халкида, Грција, за играчи до 20. години.