Гачевски останува во Вардар, Илиќ е новиот голман!

Бранителот на титулата во македонскиот фудбалски шампионат ги започна зимските подготовки…

Вардар на првиот тренинг имаше дури петмина голмани, стандардните Гачевски и Алексовски. На тој начин се отфрлуваат сите шпекулации заминување на Гачевски кој и понатаму би требало да биде прв избор на тренерот Јаневски.

Воедно тука се уште од младинскиот погон Велковски и Тимевски, како и новиот чувар на мрежата, Илиќ.

20-годишниот Филип Илиќ досега беше дел од Гандзасар, а пред да се пресели во Ерменија ги бранеше и боите на скопски Металург.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

-ДАРКО СТОЈАНОВ Е НОВ ЦЕНТРАЛЕН БЕК НА РЕНОВА-

Централниот бек Дарко Стојанов го напушти Борец Велес и се пресели во Ренова.

27-годишниот дефанзивец освен во Борец Велес, беше член уште на Брегалница Штип, Дунав, Хоризонт, Беласица, Вардар и Маџари Солидарност.