Борусија Дортмунд го претстави најскапиот дефанзивец во историјата! (ФОТО)

Фудбалскиот клуб на Борусија од Дортмунд го претстави своето ново зимско засилување.

Станува збор за Мануел Аканџи, 22-годишен стопер, а како што пренесува „Билд“ „милионерите“ на неговиот поранешен клуб Базел ќе му платат обесштетување од 25. милиони евра.

На тој начин швајцарскиот репрезентативец стана најскапиот дефанзивец во историјата на Борусија Дортмунд кој веќе подолго време има проблеми во последната линија.

За Базел (двапати шампион и еднаш во националниот куп) имаше вкупно 42 натпревари и пет погодоци, а својата професионална кариера ја започна во редовите на Винтертур со 37 мечеви и еден гол.

За швајцарската репрезентација има досека вкупно четири одиграни средби, лани го имаше дебито во мундијалските квалификации во триумфот над Фарски Острови.