12 македонски спортистки во новиот календар на „Пелистерка“ 2018!

Дванаесет македонски спортистки. Убави, храбри, силни, издржливи и најдобри. Пелистерка денеска го промовираше календарот за 2018 година.

На календарот свое место најдоа: Берна Шерифовска – џудистка, Наташа Андонова – фудбалерка, Едина Муса – кошаркарка и боди фитнес, Дрита Ислами – атлетичарка, Леана Таќи – триатлонка, Милјана Ристиќ – маратонка, Елена Чуркоска – кајакарка, Катерина Николовска – велосипедистка, Стефани Тодорова – кик боксерка, Ивана Јанкова – одбојкарка, Марија Божиновска – фитнес билдерка, Нина Ѓорѓевиќ – каратистка.

Под мотото „Вода за најдобри“ нашата компанија годинава покажува дека и жените спортисти заслужуваат подеднаков третман и внимание!“ – информираат од Пелистерка/Pelisterka.