Жоан Канелјас од наредната сезона во Пик Сегед!

Како што пренесува „Балкан-Хандбал“, после две години во скопски Вардар, искусниот шпански интернационалец ќе ја продолжи кариерата во Пик Сегед.

32-годишниот лев бек Жоан Канелјас кој е одличен и во одбранбените задачи ќе биде нов играч во составот на Хуан Карлос Пастор, а Унгарците ќе му платат обесштетување на македонскиот шампион, со оглед на тоа што ракометарот има валиден договор до лето 2019. година.

Да потсетиме, го облече дресот на „црвено-црните“ во летото 2016. година и веднаш во првата сезона го оствари најголемиот успех во клупската кареира со освојувањето на титулата во Лигата на шампионите.

Воедно во кариерата настапуваше уште за Кил (2014-2016 год.), односно Хамбург (2013-2014), како и за шпанските екипи на Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона, Гранољерс).

Се шпекулира исто така дека во Пик Сегед можно е да замине уште еден Вардарец, уште еден шпански интернационалец Хорхе Македа.