Желба на Лејно и Лакрабер: Златото да засјае и на дресот на Вардар во ЛШ!

Двете вардарови ракометарки Амандин Лејно и Александра Лакрабер со репрезентацијата на Франција станаа светски прваци на Мундијалот што се одржа декември 2017 година во Германија.

Го освоија светското злато, и она за што навиваме е неколкугодишниот стремеж за освојување на Лигата на шампионите, за пет месеци да стане реалност.

Ракометарките веќе се подготвуваат за продолжението на сезоната во ЛШ и на крајот на месецов „црвено-црните” ќе го играат првиот меч од Главната фаза против Мец на домашен терен. Претходно „црвено-црните“ се домаќини на третиот турнир од Регионалната ВРХЛ лига од 19 до 21 јануари во Скопје, а ќе играат со Будуќност и Крим.

Видно воодушевени од успехот и честитките кои ги пречекаа во Скопје, и двете француски ракометарки не ги криеја амбициите да се освои и клупското европско злато. Тоа е нивната цел сезонава, исто како и целта на клубот.

Многу сум среќна што ја освоиме титулата со националниот тим на Франција, долго ја посакувавме и ја заслуживме наградата, а во новата година, иако е рано да се зборува за тоа, се надевам дека и со Вардар ќе ја освоиме лигата на шампионите.

Среќна сум што повторно сум тука, убаво ми е со тимот и веќе почнавме да се подготвуваме за нови победи. Нѐ очекуваат тешки натпревари. И треба да одиме постепено, прво да се подготвиме за првиот натпревар од шампионатот“, вели голманката Амандин Лејно.

Иако во напад е жестока и незапирлива, сепак за десниот бек Александра Лакрабер, она што и го донесе успехот на Франција е одбраната.

Беше прекрасно да се освои златото на Мундијалот, и сега сакаме и со Вардар да го повториме успехот. Според мене, клучно за успехот е одбраната и на тоа треба многу да се работи. На првенството со Франција се покажа дека одбраната е многу важна за успех, и со националниот тим најмногу работевме на одбраната. И за мене тоа е клучно“, вели Александра Лакрабер.

Вардар е единствен тим во ЛШ сезонава што победи на сите шест натпревари и освои максимален број на бодови, и исто така пренесе максимални осум бодови во Главната фаза.

Ривали на македонскиот женски шампио во овој дел од сезоната ќе бидат екипите на Мец, Будуќност и Битигхајм.

Фото: zrkvardar.mk