Започна ЕП: Исланд ја доби скандинавската битка против Шведска! (ВИДЕО)

Официјално започнаа натпреварите од прелиминарната групна фаза на Европското првенство во Хрватска.

Во скандинавската пресметка која ја судеа македонските арбитри Начевски и Николов од групата А репрезентацијата на Исланд со 26:24 ја совлада Шведска.

За Швеѓаните најефикасни беа Готфридсон со шест голови (6/12) и Јепсон со четири (4/9). На спротивната страна Олафур Гудмундсон беше прв стрелец со седум голови (7/14), следен од Карасон (5/9), Гудјон Сигурдсон (5/6) и Арнор Гунарсон (5/6) со по пет.

Вечерва колото ќе се комплетира со балканскиот дуел помеѓу домаќинот Хрватска и селекцијата на Србија.

Возбудувањата започнаа и во групата Б, каде што Белорусија со 27:26 беше подобра од Австрија (14:12). Колото ќе се комплетира со вечерашниот дуел Франција-Норвешка.

За Белорусите доминираа Кулеш со седум (7/11) и Пухоски (5/7) со пет голови, а во поразените редови Билик (8/12) осум пати се запиша во листата на стрелците.

Фото: cro2018.ehf-euro.com/Uros Hocevar