Вујовиќ пред ЕП: Ќе дојдат голем број на Македонци, но и Словенци во Загреб!

Претходно беше објавено дека селекторот на Македонија, Раул Гонзалез, го скрати списокот за подготовките пред ЕУРО во Хрватска од 28 на 21 ракометар.

Истото го направи и селекторот на Словенија, Веселин Вујовиќ кој ги сподели своите очекувања во пресрет на Европското првенство, а да потсетиме покрај Македонија и Словенија, во Арената Загреб во рамките од групата Ц ќе играат уште Црна Гора и Германија.

Сигурно ќе дојдат голем број на навивачи од Македонија, мојот ангажман во Вардар и таа поврзаност со таа земја е секогаш силна. Како што знам, нивниот селектор Раул Гонзалез ќе биде најдобар тренер за 2017. година кој е феноменален и кој се докажа во својот клуб и секако во репрезентацијата.

Имаат една сериозна натпреварувачка селекција, ќе повторам ќе има голем број на Македонци на трибините во Загреб, но верувам и голем број на Словенци, воглавно ќе биде еден многу голем и добар натпревар.

ПОВЕЌЕ ПРОЧИТАЈТЕ:

Гонзалез го скрати списокот на 21 ракометар пред подготовките за ЕУРО! (ВИДЕО)

ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ ЦЕНИТЕ НА ВЛЕЗНИЦИТЕ ЗА НАТПРЕВАРИТЕ НА ЕУРО 2018 МОЖЕТЕ ДА ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Од друга страна, се надевам дека ние имаме квалитет, сила и знаење да победиме, добро да го стартуваме ЕП, и иако не ја земаме фаворитската улога, без оглед на тоа што сме трета ракометна сила во светот, мислам дека за нијанса подобра репрезентација од Македонија.

Севкупно ќе играме во групата против многу физички селекции, Македонија, Германија и Црна Гора, а кога сме веќе кај Црногорците тие можеби имаат и најсилен бековски состав“, рече Вујовиќ.

Според најавите словенечките ракометари закажаа подготвителни натпревари, еден против Иран, и два со српската селекција.

СОСТАВОТ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА СЛОВЕНИЈА:

Во првото коло на 13. јануари 2018 год. со почеток од 19:30 часот ќе играат Македонија и Словенија. Првопласираните три репрезентации од групата ќе се пласираат во главната фаза.