Вујовиќ: После 43 години во ракометот не ги познавам правилата! (ВИДЕО)

Во една фантастична атмосфера Македонија ја совлада Словенија со 25:24 во првото коло од групата Ц во Загреб.

Селекторот на Словенија не беше задоволен од правдата која ја делеа романските судии Дин и Дину:

Морам да признаам дека после 43 години во ракометот не ги познавам правилата на овој спорт. Не ги знам судиските критериуми и не знам зошто во најголем број случаи моите играчи имаа исклучувања.

Имаа еден гол предност во вториот дел, а потоа ни беше исклучен играч на другата страна и никој не ја знаеше причината. Ги прашував судиите и делегатите поради кого се игра овој спорт – поради гледачите и ракометарите, или поради нив кои во сето тоа одлучуваат“, рече Вујовиќ, а потоа додаде:

Можам да кажам дека одигравме еден лош натпревар, не ја видов таа сила, таа моќ, дрскост и „безобразен“ тим. Тоа можеби се чувствуваше некои 15. минути во второто полувреме, а потоа како да „згаснавме“.

Едноставно, не можеш да играш така на вакво големо натпреварување. Во првото полувреме нашиот голман Скок нас не одржуваше, бидејќи во спротивно сигурно голема разлика ќе имаа Македонците.

Кон крајот на првото и почетокот на второто полувреме направивме неколку грешки, па Македонија направи три-четири голови разлика што подоцна беше многу тешко да се стигне.

На крајот им честитам на победата, а нам ни следуваат нови два меча, да се обидеме да го надокнадиме она што го пропуштивме денеска. Знам дека мораме подобро, мислам дека тешко можеме полошо од ова што ни се случи на денешниот дуел“.

Фото: Hina/indeh.hr