„Вујо мајсторе“: Мислам дека во Скопје ме сакаат најмногу! (ВИДЕО)

Работеше во сите земји од поранешна Југославија, освен во Босна и Херцеговина и за себе вели дека е Југословен.

„Неговата“ Металопластика одбележа еден период не само на југословенскиот ракомет, во 1988. година беше прогласен за најдобар ракометар на светот.

Со 738 реализирани голови беше најдобар стрелец во историјата на југословенската ракометна национална репрезентација.

Селекцијата на Србија и Црна Гора до 19. години во 2005. како селектор ја водеше до титулата светски шампион, а во јануари 2017. со селекцијата на Словенија на селекторската клупа дојде до бронзениот медал на СП во Франција.

Во разговор за „Sport klub“ вели: „Оние кои следат ракомет веројатно на ЈуТјуб го виделе видео записот како навивачите на Вардар ме пречекаа кога се вратив во Скопје како тренер на ППД Загреб“.

Запрашан каде најмногу го сакаат, без размислување одговори: „Мислам во Скопје. Можеби грешам, но мислам во Скопје“.

ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ НА ВЕСЕЛИН ВУЈОВИЌ ЗА „СПОРТ КЛУБ“ МОЖЕТЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ТУКА