Втор пораз на Металург во СЕХА Газпром лигата

Нов пораз на избраниците на тренерот Лино Червар во регионалното ракометно натпреварување.

Денеска во Нови Сад „сино-белите“ загубија од екипата на Војводина со конечен резултат 21:19, иако во неколку наврати се наоѓаше во позитива.

Се водеше неизвесна битка до самиот крај, во 51. минута Металург водеше со 17:18 после погодокот на Гуглета, но потоа следуваше серија на домаќините од три голови двапати преку Грозданиќ и еднаш Грозданиќ за 20:18 на семафорот.

Во 59. минута Кузмановски кој беше најрасположен за голови успеа само да намали, а Остојиќ го постави конечниот епилог за прв триумф на неговиот клуб оваа сезона во СЕХА Газпром лигата.

Голманот Дарко Арсиќ за тимот од „Автокоманда“ имаше 11 одбрани, а од стрелците се издвоија Филип Кузмановски со пет голови, еден помалку забележа Божо Анѓелиќ.

На спротивната страна за српскиот претставник чуварот на мрежата Перовиќ забележа осум интервенции, помеѓу кои и два седмеци, а прв стрелец без промашување беше Вукашин Стојановиќ (6/6).

Следниот предизвик Металург ќе го има во Лигата на шампионите, в недела во ВИП Арена СЦ „Борис Трајковски“ ќе го има вториот меч од групата Д против турскиот тим на Бешикташ (17:00 ч.)

Фото: sehaphoto.photodeck.com

Leave a Reply