ВИП Суперлига: Голема победа на Еурофарм Работник во Радовиш!

По ремито во второто коло против Охрид, ракометарите на Еурофарм Работник во гости славеа против лидерот Радовиш со 17:28 (10:11).

Екипата на Андон Бошковски одигра одличен натпревар, доминираше над ривалот и во вториот дел го скрши отпорот.

Првиот дел беше израмнет, па иако гостите постојано водеа, Мајиќ во самиот финиш постигна серија на голови за само -1 по 30 минути.

Но, изненадувањето Стефан Талевски со серија на голови го оддалечи тимот на Еурофарм Работник до финална победа од дури 11 разлика, Токму Талевски со 6 гола беше најефикасен во победничкиот табор, 6 гола даде и Лазае Мајнов, а во перфектниот колектив по 4 гола запишаа Златко Мојсоски и Гоце Ојлески.

Во поразениот табор, Марко Мајиќ постигна 6, а Борче Соколов додаде 5 гола. На останатите два дуели од саботната програма: РК Борец-Прилеп 29:22 и Тинекс Пролет Скопје-Пелистер 21:28.

На табелата по шест бодови водат Пелистер и Радовиш, по четири имаат Еурофарм работник, Охрид и РК Борец, по три Прилеп и Металург Скопје 2, еден Тинекс Пролет Скопје, а на дното без бодови Вардар Јуниор.