Веспрем цврсто на врвот во Унгарија: Пет гола за Манасков!

И во 14. коло триумфираше составот на Веспрем во најсилното унгарско првенство…

Денеска како гостин со конечен резултат 19:33 убедливо го совлада Чурго за зацврстување на лидерската позиција и максимални 28 бодови, четири повеќе од Пик Сегед.

Македонското лево крило Дејан Манасков беше втор стрелец со пет голови, додека поефикасен од него беше само Драган Гајиќ со девет.

Во следното коло на 20. декември ќе го пречека Орошази на Никола Маркоски кој моментно се на наоѓа на 12. место со шест бодови. Орошази како домаќин загуби од Егер со 25:28, а нашиот пивот постигна три погодоци.