Веспрем 18-0 во Унгарија: Манасков втор стрелец против Ференцварош!

Продолжува победничката серија на Веспрем оваа сезона во најсилната унгарска лига.

На гостински терен не така убедливо со конечен резултат 26:31 триумфираше над Ференцварош.

Ова беше вкупно 18. победа по ред за моментно максимални 36 бодови, два повеќе од второпласираниот Пик Сегед, со напомена дека Веспрем има и два меча помалку.

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков (заедно со Петар Ненадиќ) беа втори стрелци во својот клуб со по пет голови, подобар од нив беше само Гашпер Маргуч со осум погодоци.