Важни бодови за Нант, три голови за Лазаров против Пик Сегед (ВИДЕО)

Во рамките од седмото коло во машката Лига на шампионите составот на Нант славеше важна победа на гостувањето во Унгарија.

Со конечен резултат од 30:33 (15:17) француската екипа успеа да го совлада Пик Сегед за вкупно четврта победа сезонава (трета по ред) за моментно четврто место со девет бодови.

Македонскиот десен репрезентативен бек Кирил Лазаров придонесе во триумфот со три погодоци, а по шест имаа Фалувеги и Гурбиндо Мартинез, истиот учинок го имаше и Балог на спротивната страна.

На 19. ноември Французите на домашен терен ќе го пречекаат хрватскиот претставник ППД Загреб кој пред своите гледачи загуби во саботата од Вардар (23:29).

Потоа, во групата Д каде што настапува и Металург, Бешикташ загуби во Португалија од Спортинг со 34:27. Во вториот пораз во низа нашите интернационалци Филип Лазаров и Немања Прибак по еднаш се запишаа во листата на стрелците.

Во генералниот пласман пред вечерашниот меч Металург-Монпелје, води францускиот состав со 12 максимални бодови, втор е Мотор со девет кој ремизираше 30:30 кај Чеховски Медведи. Сега Спортинг е третопласиран со шест, потоа Металург кој исто така е борба за второто место е четвртопласиран со пет, колку што има и Бешикташ, а последен е Чеховски Медведи (три).