Вардарките Лејно и Лакрабер ја одведоа Франција во финалето на СП!

Откако претходно Норвешка убедливо славеше над Холандија во првото полуфинале на Светското првенство во Германија…

Во второто полуфинале репрезентацијата на Франција со резултат 24:22 ја совлада Шведска, иако на полувремето скандинавската селекција имаше минимална предноста од 11:12.

Токму голманката Амандин Лејно и десниот бек Александра Лакрабер кои настапуваат во македонскиот шампион Вардар беа најзаслужни за победата. Лакрабер беше прв стрелец со пет голови, додека Лејно забележа 14 одбрани помеѓу кои и еден седмерец.

Финалната борба за златниот медал ќе се одигра на 17. декември (недела) со почеток од 17:30 часот во „Берклејкард“ Арената во Хамбург.