Вардарки со шампионскиот пехар во регионалната ВРХЛ лига

Денеска македонскиот женски ракометен клуб го одигра и последниот натпревар оваа сезона во ВРХЛ лигата…

На завршниот турнир во Подгорица (Црна Гора) мечот против Крим немаше никакво значење, бидејќи уште од претходно Вардар ја освои регионалната титула.

После победата од 27:26 против Будуќност, на вториот дуел избраничките на тренерот Ирина Дибирова загубија со 34:29 од словенечката екипа, што е воедно прв и единствен пораз.

Крим – Вардар 34-29

ВАРДАР: Радичевиќ 4, Кликовац 2, Саздовска 1, Кузнецова 3, Бајрамовска, Лазовиќ 1, Мицевска, Керамичиева 5, Чанаџија 2, Суслина, Хмирова 3, Цвијиќ, Лекиќ 2, Петровиќ 1, Гичевска 1, Ристовска 3.

Овие два дуели беа како подготовка пред Фајнл-фор турнирот кој што ги очекува „црвено-црните“ во Будимпешта во рамките од Лигата на шампионите.

Да потсетиме, во полуфиналето на 12. мај Вардарки од 18:00 часот ќе играат против рускиот претставник на Ростов-Дон.

Фото: zrkvardar.mk