Вардар „меле“ во домашната лига: Трет меч по ред над 50 гола!

Ракометарките на Вардар на трет натпревар по ред постигнаа повеќе од 50 голови на меч од домашното првенство, а тимот повторно забележа убедлив триумф, овојпат над Деспина, 51:11.

Три ракометарки имаа двоцифрен учинок, иако „црвено-црните“ играа со само 10 ракометарки, од кои осум играчи и два голмани.

Сара Ристовска повторно беше најпрецизната ракометарка на натпреварот со вкупно 14 голови, Јована Саздовска даде 11, а Александра Лакрабер 10. Претходно повеќе од 50 голови на натпревар избраничките на тренерот Дибирова постигнаа на дуелите со Куманово (52) и Овче Поле (57). Само Гевгелија прими помалку од 50 гола (45) во првото коло.

Натпреварот првично требаше да се игра во Прилеп, но двете екипи се договорија за замена на домаќинството, па напролет Вардарки ќе гостуваат во салата на Деспина.

За Вардар ова беше последен меч пред заминувањето за Германија каде во сабота треба да го одиграат натпреварорт од второто коло од Лигата на шампионите проти Турингер.

Деспина – Вардар 11:51

Деспина: Ристевска, Јовеска, Е. Рипилоска, Камческа 1, Крстевска, Седлоска, Цветкоска 2, Димова 3, Димитрова 1, Богеска, Далевска, Камческа 4, Димитриеска, Л. Рипилоска.

ВАРДАР: Кликовац 4, Саздовска 11, Лејно, Бајрамовска 2, Мицевска, Керамичиева 2, Чанаџија 7, Лакрабер 10, Петровиќ 1, Ристовска 14.

Фото: zrkvardar.mk