Вардар броеше до 42 за нова победа во СЕХА Газпром лигата (ВИДЕО)

Вардар ја оствари и 13 победа по ред во СЕХА Газпром лигата, славејќи со конечен резултат 42:32 (20:17) против „фенерџијата“ Динамо Панчево од Србија и поставувајќи нов клупски рекорд.

Црвено-црните” остануваат единствен тим во регионалното натпреварување со максимален учинок по седум одиграни натпревари.

На овој натпревар македонскиот и европски шампион играше без неколку стандардни играчи, како Абутовиќ, Штербик, Борозан и Циндриќ. Нивното отсуство не се одрази зашто Вардар беше фаворит а ова требаше да биде само загревање за претстојниот меч во сабота од Лигата на шампионите против Рајн Некар. Од самиот почеток шанса за настап добија Даниел Ѓорѓевски, Владо Недановски и Вања Војводиќ.

СЕХА Газпром лига

Вардар (Македонија) – Динамо Панчево (Србија) 42:32 (20:17)

Вардар: Милиќ (2 одб.), Ѓорѓески (1 одб.), Стоилов, Недановски 4, Поповски 4, Криштопанс 4, Мораеш 3, Македа 3, Карачиќ 2, Кањелас 6, Чупиќ 6, Дибиров, Шишкарев, Војводиќ 3, Марсениќ 7.

На табелата Вардарци водат со максимален 21 бод, пред ППД Загреб кој има 13. Во следното коло на СЕХА лигата Вардар ќе гостува на 28 ноември во Нашице кај Нексе во Хрватска.

Фото: rkvardar.mk