Вардар-Барселона е меч од висок ризик: Препораки за гледачите!

Натпреварот од 5. коло во групната фаза од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Барселона ќе биде меч од висок ризик поради големиот број на гледачи што се очекуваат во салата во СЦ „Јане Сандански” во сабота.

Средбата меѓу Вардар и Барселона е закажана за в сабота (14. октомври 2017 год.) од 17:30 часот во рамките од петтото коло во групата А и како што претходно се објави се очекува полни да бидат трибините.

РК Вардар во соработка со полицијата реши за саботниот натпревар да го затвори паркингот до салата за користење.

Поради тоа им се препорачува на сите гледачи навреме да дојдат во салата, а доколку патуваат со автомобил да бидат свесни дека е можно да има застој во сообраќајот поради очекуваниот голем број на гледачи во салата.

Истовремено ги потсетуваме сите гледачи дека во салата е забрането внесување на тврди предмети, и контролата на влезовите ќе биде вообичаена за ваков тип на натпревари“, информираат од ракометниот клуб Вардар.

Фото: rkvardar.mk