Успесите на Вардар донесоа најдобар клупски ранкинг на Македонија во Европа (ФОТО)

Трите пласмани на Вардар во Топ-8 екипи во Лигата на шампионите и шампионската титула ланската сезона се најголемите „виновници” за скокот на Македонија на листата на ЕХФ во однос на клупскиот ранкинг.

На најновата листа на ЕХФ Македонија направи скок од едно место и се наоѓа на седмото место што е најдобат пласман досега на македонскиот машки ракомет.

Во јуни годинава Вардар ја освои ЛШ и стана првата машка екипа во Македонија во екипен спорт што освоила ваква награда. „Црвено-црните” како дебитанти на Ф4 турнирот во Келн ги победија Барселона и ПСЖ во драматични натпревари и стигнаа до титулата.

Најновата ранкинг листа ќе се користи за следната сезона и дистрибуцијата на места во европските купови. Македонија има 51,22 бода, и се наоѓа во средина меѓу Данска (63,33) и Хрватска (42,25).

Рангирањето се прави врз основа на резултатите на сите машки екипи во сите европски купови во последните три сезони. Новата ранг листа на ЕХФ ќе им донесе на македонските тимови и три места во Купот на ЕХФ. Повеќе нема да имаме претставници во Купот Челинџ, туку еден во ЛШ и уште три во ЕХФ купот.

Фото: rkvardar.mk