Успешен тест во Белград: Македонија триумфираше против Саудиска Арабија!

Денеска македонската машка сениорска ракометна репрезентација го одигра подготвителниот натпревар во Белград.

Избраниците на селекторот Раул Гонзалес на теренот во Белград убедливо ја совладаа селекцијата на Саудиска Арабија.

„Црвено-жолтите“ го добија првото полувреме со осум плус позитива (19:11), а на крајот конечниот резултат изгледаше 37:21.

Исто така, се најавува уште еден контролен меч, в петок (5. јануари) со почеток од 18:00 часот во СЦ „Вождовац“ – Бањица.