Унгарија: Веспрем „гази“, Манасков прв стрелец против Балатонфуреди!

И во деветтото коло од најсилното унгарско првенство составот на Веспрем славеше победа…

На гостувањето кај тимот на Балатонфуреди ја оправда фаворитската улога триумфирајќи со резултат 25:39.

Прв стрелец во новите освоени бодови беше левото македонско репрезентативно крило Дејан Манасков кој запиша девет голови, зад него завршија Маргуч со седум, Анчин и Џамали имаат по пет погодоци.

На тој начин останува цврсто на врвот во генералниот пласман со максимални 18 бодови, а во следното коло на 21. ноември ќе му гостува на петторангираниот Дабас.