Три мечеви во Суперлигата: Првото битолско дерби сезонава за Пелистер!

Ракометарите на Пелистер славеа над градскиот ривал Еурофарм Работник со 17:25 и му го нанесоа првиот пораз на новиот тренер на „фармацевтите“ Илија Темелковски.

По почетните 2:2, Орјоникидзе и Митиќ погодија за 2:5. Паднаа само девет гола за 21 минута, а резултатот гласеше 3:6. Избраниците на Алушевски не попуштаа и поведоа со 5:9, а на полувреме и со 7:10.

Ракометарите од клупата на Пелистер и Орјоканидзе погодиваа, а и Рајчиќ одлично бранеше. Кога Јагуриновски погоди од контра напад, на 13 минути до крајот гостите поведоа со највисоки 11-17.

Орјоканидзе погоди во серија за највисоки седум гола разлика (13-20). Многу полесно од предвиденото тимот на Алушовски го приведе натпреварот кон крај и Пелистер славеше против Еурофарм Работник со 17-25.

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Темо Орјоникидзе со 11 голови, додека Чантурија даде 3. Кај Еурофарм Работник по 4 голови дадоа Ојлески и Дрогришки. Веќе следниот викенд екипата на Темелковски ја чека европското деби.

Суперлига (мажи), резултати):

Металург Скопје 2-Тинекс Пролет Скопје 29:33
Радовиш-РК Борец 25:21
Еурофарм Работник 17:25

Табела:

1.Пелистер 18 бодови
2.Тинекс Пролет Скопје 16
3.Еурофарм Работник 13
4.Охрид 10
5.Радовиш 10
6.РК Борец 7
7.Прилеп 6
8.Металург Скопје 2 4
9.Вардар Јуниор 3

Фото: rkeurofarmrabotnik.com