Три гола на Нелоски против Бергишер, „четворка“ за Митков во Австрија

Во 19. коло од втората Бундеслига, Кобург 2000 го претрпе шестиот пораз сезонава.

Пред своите гледачи со резултат 22:29 загуби од Бергишер, иако после првото полувреме беше нерешено 11:11.

За домашната екипа македонскиот интернационалец Марко Нелоски три пати се запиша во листата на стрелците.

На табелата води Бергишер со 36 бодови, 14 повеќе од осмопласираниот Кобург кој во наредната рунда на 26. декември ќе го пречека треторангираниот Либек-Швартау.

Потоа, во 18. коло од најквалитетното австриско првенство, Кремс беше надигран кај Алпла Хард со 29:25, иако по првите 30. минути водеше со 15:18, а во поразот Влатко Митков реализираше четири голови.

Во генералниот пласман Кремс со 22 бодови дојде до петтата освоена позиција и ќе игра во победничката фаза во битката за титулата.

Да додадеме уште дека Бешикташ на Немања Прибак и Филип Лазаров во 13. коло од турското првенство дома со 30:25 беше подобар од Селкаспор Ескишехир на Никола Костески. На табелата Бешикташ е прв со 22 бодови и првиот меч во 2018 год. ќе го има дома на 27. јануари против Мерзифон.