Три гола на Георгиевски во новата победа на ЧСМ Букурешт

Темишвар без македонскиот голман Златко Даскалоски претрпе пораз пред своите гледачи во најсилниот романски шампионат.

Екипата на Темишвар загуби со конечен резултат 26:29 (11:16) од екипата на ЧСМ Букурешт во чии редови настапи нашето десно крило со три голови (3/4).

Во некомплетното коло Стеауа води со 40 бодови на табелата пред Темишвар (38) и ЧСМ Букурешт (37). Инаку ова е прв пораз на Темишвар (вкупно четврти сезонава) после серијата од седум победи во низа.

Според најавите Темишвар во следното лигашко коло на 15. февруари ќе ја пречека Стеауа, додека ЧСМ Букурешт истиот ден е домаќин на последнорангираниот Јаши.