Тренерот на Целје, Тамше: Вардар е најдобриот ракометен клуб на светот!

По одиграни 6 кола, односно една третина од предвидените 18 натпревари во регуларниот дел од сезоната во СЕХА Газпром лигата…

Вардар не само што останува лидер на табелата, туку и потврди дека целта сезонава ќе биде реално остварлива.

На гостувањето во Словенија кај Целје, македонските и европски шампиони славеа со 31-28 за шести триумф сезонава, трет во дуелите со словенечкиот Целје.

Тренерот на Целје ПЛ, Бранко Тамше:

Честитки до Раул и неговиот тим за победата и за тоа што го прават последниве две години. За мене ова е најдобриот ракометен клуб на светот. Ова не е лесно да се оствари и Раул успеа во тоа. Тој има многу ѕвезди во составот, но успеа да создаде еден неверојатен тим кој дише како еден“.