Топ 5: Јагањац од Металург е втор стрелец во Лигата на шампионите!

Ракометарот на Металург Халил Јагањац се проби на втората позиција на листата на стрелците во Лигата на шампионите.

По пет одиграни кола, 19-годишниот хрватски бек зад своето презиме запиша 35 погодоци, само гол помалку од Жига Млакар, ракометар на словенечкиот клуб Целје Пивоварна Лашко.

Исто колку Јагањац има и Мате Лекај од унгарскиот гиган Веспрем. На четвртата позиција е Доне Рамазан од турскиот Бешикташ, а листата на најдобрите пет стрелци ја затвора Уве Генсхајмер од францускиот ПСЖ.

Лига на шампиони 2017/2018

Топ 5 стрелци:

1.Жига Млакар (Целје П.Л.) 36 голови
2.Халил Јагањац (Металург) 35
3.Мате Лекаи (Веспрем) 35
4.Доне Рамазан (Бешикташ) 34
5.Уве Генсхајмер (ПСЖ) 33