Токму против Словенија го остваривме најголемиот успех на евро-шампионатите! (ВИДЕО)

В сабота од 19:30 часот во Загреб македонската репрезентација против Словенија ќе го има првиот натпревар на ЕП.

Тоа е повод во продолжение да го видиме единствениот меѓусебен натпревар на овие две селекции на континенталните собири.

На ЕП 2012 во Србија го остваривме најдобриот успех, освојувањето на петтото место и победата над Словенија со 28:27 (16:12).

Тогаш прв стрелец за нашата селекција беше Кирил Лазаров со осум голови, еден повеќе од десниот бек Јуре Доленец кој ќе го пропушти годинешното ЕУРО поради повреда.

ЕП 2012 Србија

Натпревар за 5. место
Македонија-Словенија 28:27 (16:12)

Македонија: К. Лазаров 8 голови, Стоилов 6, Алушовски 4, Миркуловски 3, Темелков 3, Н. Мојсовски 2, Димовски 1, Ф. Лазаров 1, Ангелов, Ангеловски, Јоновски, Манасков, В. Маркоски, Митков, З. Мојсоски, Ристовски.

Словенија: Брумен 4 голови, Доленец 7, Л. Жвижеј 6, Гајиќ 4, Зорман 4, Добелшек 1, Шпилер 1, Безјак, Габер, Мачковшек, Миклавчиќ, Прост, Пуцељ, Шкоф, Скубе, М. Жвижеј