Темишвар ја одржува борбата за врвот: Даскалоски блескаше со 12 одбрани, од кои 4 пенали!

Денеска во најквалитетната романска ракометна лига нов триумф за екипата на Темишвар.

На домашен терен со конечен резултат 26:19 ја совлада екипата на Минаур Баја Маре. Ова е вкупно осма победа за моментно трето место со 26 бодови во некомплетното 13. коло. Водечки се Стеауа Букурешт (28) и Турда (27 бодови).

Повторно нова одлична партија покажа македонскиот голман Златко Даскалоски кој придонесе во освојувањето на новите бодови со 12 одбрани, од кои 4 одбранети пенали во настап од 40. минути на паркетот. 

Од стрелците во победничките редови доминираа К. Милошевиќ и Марјановиќ со по шест голови.

Следуваат две средби по ред на домашен терен, првин од Купот на Романија со Сучеава, а потоа против Калараши ќе започне втората полусезона.